Бред Пит и новата девојка се запознале во ресторанот на нејзиниот сопруг: Тој нема проблем со љубомората

Бред Пит и неговата нова девојка Никол Потуралски деновиве се во центар на вниманието на медиумите, а откриено е и како се запознале.

Дејли мејл дознава дека Бред првпат ја видел Никол во август минатата година во ресторан во Берлин, кој е во сопственост на нејзиниот сопруг. Наводно 56-годишниот глумец на прв поглед се вљубил во убавата бринета.

Манекенката неколку недели подоцна отишла на службено патување во Лос Анџелес и повторно се сретнале, а во октомври минатата година биле видени заедно на концерт на Канје Вест.

Во моментов тие се најинтересниот пар во светот на шоу-бизнисот.

„Бред Пит ја запозна Никол минатата година во ресторанот Борчард, кој е во сопственост на нејзиниот сопруг Роланд. Глумецот во тој ресторан доаѓа веќе со години, а Роланд одамна го познава. Никол му го дала телефонскиот број штом се запознале и тогаш се појавија искри меѓу нив“, рекла пријателка на Никол.

Никол е уште во брак со 68-годишниот Роланд Мариј, со кого го има 7-годишниот син Емил. Роланд не ја коментираше нејзината врска со Бред Пит, но извори блиски до него тврдат дека тој нема проблем со љубомората.

„Беше во брак неколкупати и има пет деца. Не го интересира ни негативноста, ни љубомората. Сè уште се венчани, а нивната врска може да се опише како отворен брак“, тврди изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот