За прв пат по осум месеци, поранешната омилена ѕвездена двојка Џенифер Анистон и Бред Пит се состанаа за нов деловен проект. И двајцата актери биле добро расположени и возбудени.
Можеби е во средина на голема битка за старателство и е опкружен со семејни проблеми што го мачат веќе четири години, но Бред Пит покажа дека ништо не може да му го уништи веселиот дух и добро расположение.

Имено, Пит и Анистон во понеделникот се придружија на проектот за виртуелно заедничко читање на сценариото на легендарниот тинејџерски филм „Брзи времиња на Риџмонт Хај“ од 1982 година, што ќе го види светлото на денот овој четврток. И двајцата се јавија од своите домови и се приклучија на тимот составен од Џими Кимел, Џулија Робертс, Метју Меконахи, Морган Фримен, Хенри Голдинг, Шија ЛаБеуф, Спиколи и Шон Пен.
Прекрасната актерка се јави од нејзината домашна канцеларија, седејќи во удобна фотелја, облечена во лежерен фустан со романтичен дезен и коса во нејзиниот препознатлив стил.

Бред исто така се пријави од својот дом во исклучително добро расположение, во опуштено издание со нова малку подолга фризура. Неговата нова девојка Никол Потуралски исто така може да биде одговорна за неговата насмевка.
Да потсетиме, првиот и единствениот пат кога имавме можност да ги гледаме Пит и Анистон во ист актерски проект, беше во 2001 година. Бред Пит потоа се појави во епизодна улога во серијата „Пријатели“ каде главен лик беше неговата тогашна сопруга Џенифер.

Покрај тоа, во 2005 година им се случи многу непријатен развод на овие славни сопружници, кога Бред ја напушти Џенифер поради атрактивната колешка Анџелина Џоли. По разводот со Анџелина во 2016 година, актерот постепено повторно стапи во контакт со Анистон и денес се во пријателски односи.
Пред неколку месеци, тие ја заинтригираа јавноста со нивното однесување на SAG наградите.

Многумина се исклучително задоволни што ги гледаат овие поранешни партнери во правилна и пријателска врска и сите со нетрпение очекуваат понатамошни филмски проекти кога нивната љубов повторно ќе може да оживее барем на момент.