Бред Пит еден од домаќините на овогодинешните Оскари

Бред Пит
Бред Пит / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Американската академија за филмски науки и уметности го објави списокот на актери и познати личности кои ќе бидат домаќини на 93-та церемонија на доделувањето на Оскарите на 25 април во Долби Хол во Лос Анџелес, вклучувајќи ги ѕвездите Харисон Форд, Бред Пит и Хали Бери.

На списокот се најдоа и Рене Зелвегер, Хоакин Феникс, Лора Дерн и режисерот Бонг Џун-хо, чиј филм „Parasite“ минатата година ја освои главната награда – Оскар за најдобар филм, соопштија продуцентите.

Домаќин на Оскаровата вечер ќе биде Глен Вајс, познат експерт за ваков тип настани, но со помош на режисерот Стивен Содерберг, кој е одговорен за продукцијата.

Академијата објави дека 93-та церемонија традиционално ќе се одржи во салата Долби во Лос Анџелес, но ќе има вклучувања и од други места.

До сите номинирани е испратена покана со барање за нивно физичко присуство на церемонијата.

„Ќе се обидеме да обезбедиме пријатна и безбедна вечер за сите кои ќе бидат физички присутни, како и за милиони љубители на филмот ширум светот“, изјавиле организаторите, додавајќи дека ќе има тестирање на присустите од коронавирусот пред самата манифестација.

Оваа година филмот „Mank“ на Дејвид Финчер, во кој глуми Гери Олдман, е еден од фаворитите за оскар со најмногу номинации, вкупно 10.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот