Брдаровски: Ние сме Вардар, победнички да го завршиме шампионатот!

Фото: ФК ВАРДАР

Сезонава во првенството во меѓусебните три дуели, Вардарци двапати славеа со 3:0 и 0:1, а еднаш ремизираа без голови со Победа.

Денеска од 16:30 часот на домашен терен ќе ја пречекаат прилепската екипа, а во последното коло ќе гостуваат на 26 мај кај Академија Пандев.

Еден од дефанзивците на клубот, Владица Брдаровски размислува оптимистички во пресрет на последните два лигашки мечеви во шампионатот.

– Ние сме Вардар. Ќе дадеме максимум и на двата натпревари да стигнеме до победа. И со тоа на најдобар начин да ја завршиме долгата сезона – ни изјави Брдаровски.

Титулата е загубена, но ќе настојуваат да го задржат барем второто место во генералниот пласман за кое имаат конкуренција во третопласираната екипа на Академија Пандев која заостанува само три бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот