Бразилските фудбалери подигнаа транспарент во чест на легендарниот Пеле и му изразија поддршка

Бразилските фудбалери со транспарентот за Пеле по триумфот над Јужна Кореја/фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Странските медиуми објавија дека лекарите ја прекинале хемотерапијата бидејќи телото на Пеле не реагира на тоа во борбата против ракот на дебелото црево.

Фудбалерите на Бразил убедливо славеа против Јужна Кореја во осминафиналето на Светското првенство во Катар со резултат 4:1 и со тоа се пласираа во четвртфиналето каде ги чека Хрватска.

Винисиус Јуниор, Нејмар, Ришарлисон и Лукас Пакета погодија за „кариоките“.

А по мечот Нејмар и неговите репрезентативни колеги се потсетија на легендарниот Пеле кој е во болница. Тие подигнаа голем транспарент во негова чест и му изразија поддршка.

Странските медиуми објавија и веста дека Пеле е префрлен на болничко одделение на палијативна нега, односно „грижа до крајот на животот“.

Подоцна, ќерката на Пеле, Флавија за бразилска телевизија изјави дека неправедно е луѓето да зборуваат дека нејзиниот татко е префрлен на палијативна нега и дека тоа не е точно.

Пеле: Се чувствувам силен, гледањето на Бразил на СП ми дава енергија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот