Бразилскиот стадион Маракана ќе биде привремена болница за пациенти со коронавирус

Бразилските власти одлучија спортскиот комплекс Маракана да биде привремена болница за пациенти заразени со новиот коронавирус.

Маракана е најпознатиот фудбалски стадион во светот, кој двапати беше домаќин на финалето на Светското првенство (1950 и 2014 година). На стадионот беа отворени и минатите Олимписки игри.

Локалните власти на Рио де Жанеиро дополнително треба да одлучат колку кревети ќе бидат поставени во комплексот. Исто така не е познато дали привремена болница ќе биде подигната на фудбалскиот терен или во состабот на коплексот, каде има и атлетски стадион и базен.

Во Бразил досега се ргистрирани 532.914 луѓе заразени со Ковид-19, од кои 24.093 починаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот