Бразилскиот Роналдо: Без дилеми, мој кандидат за „Златната топка“ е Бензема

Карим Бензема сезонава во „Ла Лига“ има досега девет голови од осум настапи/Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Легендарниот Роналдо Луис Назарио де Лима, или подобро познат само како Роналдо, на својот Инстаграм профил денеска откри дека за него главен фаворит за освојување на „Златната топка“ е Карим Бензема.

Еден од најдобрите напаѓачи во историјата го обожава Французинот и даде неколку аргументи зошто верува дека Бензема заслужи да ја добие најголемата индивидуална награда во фудбалот оваа година.

– Без сомнение, мојот кандидат за „Златната топка“ е Бензема. Тој е најдобриот напаѓач во светот, тој е на брутално ниво веќе 10 години и е шампион над шампионите. Зарем не е така? – напиша Роналдо на Инстаграм.

Досега оваа сезона во шпанската „Ла Лига“ за Реал Мадрид постигна девет голови од осум настапи.

Францускиот репрезентативец од 2009 година е член на „кралевите“, само две години откако бразилскиот Роналдо го напушти клубот од „Сантјаго Бернабеу“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ronaldo (@ronaldo)

Меси и Роналдо во Топ 5 кандидати за освојување на „Златната топка“

Видео на денот