Бразилски суд го забрани емитувањето на филмот за Исус хомосексуалецот

Фото: Нетфликс

Во образложението, судијата наведува дека таа одлука е корисна не само за христијанската заедница, туку и за бразлилското општество.

Бразилски судија ѝ нареди на стриминг-платформата „Нетфликс“ да го прекине прикажувањето на божиќен специјал, филм во кој Исус Христос е прикажан како хомосексуалец.

Судијата Бенедикто Абикаир така одговори на петицијата на една бразилската католичка организација, во која се наведува дека во името на милионите повредени католици да се прекине емитувањето на фимот „Првото искушение на Христос“, пренесува „АП“.

Канцелариите на компанијата Порта дос Фундонс, која го продуцираше филмот, беа нападнати на Божиќ, пренесува „АП“.

Во образложението, судијата наведува дека таа одлука е корисна не само за христијанската заедница, туку и за бразлилското општество.

Во фимот Исус е прикажан како се враќа дома за својот 30-ти роденден и алудира дека е хомосексуалец.

Компанијата „Нетфликс“ одби да ја коментира одлуката на судијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот