Се сеќавате на бразилската актерка која го маѓепса регионот? Денес Жаде изгледа сосема поинаку (ФОТО)
Џована Антонели се прослави со улогата во серијата „Клон“, а публиката ширум светот ја запамети како Жаде и така многумина ја нарекуваат уште денес.
Актерката тогаш го привлече вниманието со својата автентична убавина и немирен дух, а стана препознатлива по очите кои често ги истакнуваше со силна шминка.
Дури и кај оние кои не гледаат „сапуници“, се развија симпатии за ликот на тврдоглавата Жаде, која упорно излегуваше од рамката која и ја наметнуваше нејзината култура, а сето тоа само поради љубовта.
Џована потекнува од уметничко семејство, нејзиниот татко е актер, мајка и е танчерка, а има и постар брат кој и е адвокат.
Со главниот актер од серијата „Клон“ Мурило Бенисио, Џована го доби синот Пјетр, но таа љубов не опстана, па така таа по разводот се омажи за режисерот Леонардо Ногеира, со кој ги доби близнаците, Софија и Антонија.
Таа денес изгледа сосема поинаку, ја промени фризурата но и начинот на живот и шминкањето.
Некои фанови се воодушевени од тоа колку Џована е пририродна, но некои ја убедуваат дека и недостига автентичната шминка.