Бразилска телевизија го обвини Болсонеро за убиство, а тој возврати: ЗЛОСТОРНИЦИ, немав причина да убијам било кого

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро/ Фото: Aрхива на Слободен Печат

Бразилскиот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонеро жестоко ја критикуваше телевизијата Глобо бидејќи во еден нејзин извештај било споменато неговото има во рамки на истрагата за убиство на градската советничка на Рио де Жанеиро, Мариел Франко.

„Ти, ТВ Глобо, постојано од животот ми правиш пекол, бестрага! Сега ме поврзувате со смртта на Мариел. Злосторници! Никаквеци! Тоа нема да мине, немав никаква причина да убијам било кого во Рио де Жанеиро”, изјави Болсонеро во емисија на Твитер.

Снимката, долга околу 24 минути, беше емитувана од Саудиска Арабија, последната станица на турнејата на бразилскиот претседател по Азија и Блискиот исток.

ТВ Глобо, врз основа на податоци од истрагата, пренесе дека осомничениот за убиството на Мариел Франко неколку часа пред атентатот бил во зградата во Рио во која живеел Болсонеро, во тоа време пратеник и кандидат за претседател на државата.

Извештајот се темелел на изјава на рецепционерот на зградата.

Мариел Франко беше убиена на 14 март 2018 година, кога нејзиниот автомобил беше изрешетан во центарот на градот. Притоа настрада и нејзиниот возач Андерсон Гомеш.

Франко, црнкиња родена во фавела, го осудуваше расизмот, хомофобијата, полициското насилство и паравоените формации, кои сеат страв во некои густо населени квартови на Рио.

Речиси една година по атентатот, во март годинава, уапсени беа осомничениот убиец и возачот на автомобилот од кој било пукано.

Полицијата меѓутоа, се уште не го идентификувала нарачателот на убиството. Кога осомничените беа уапсени беше кажано дека „неспорно е дека Мариел Франко е жртва на погубување заради своето делување”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот