Бразилска самба против Перу (ВИДЕО)

Домаќинот на Копа Америка, Бразил во последното трето коло од групната фаза го покажа вистинскиот потенцијал, декласирајќи го Перу со 5:0.  Бразил надмоќно го освои првото место во групата А, со седум бодови и импресивна гол разлика од 8:0.


Гол шоуто на „кариоките“ го отвори Каземиро уште во 12. минута, а седум минути подоцна Фирмињо го постигна најчудниот гол на Копа Америка. Тој прво успеа да го блокира шутот на противничкиот голман, а  топката откако се одби од стативата дојде во неговите нозе по што не му беше тешко да го совлада Галесе.

Останатите голови беа дело на Евертон, Алвес и Вилијан за најубедлива победа досега на Копа Америка.

Во вториот натпревар, Венецуела со победата од 3:1 над Боливија дојде до второто место во групата со што си обезбеди пласман во четвртфиналето.
Најзаслужен за триумфот на Венецуела беше двојниот стрелер Марчис, додека Партинез беше стрелец на третиот гол. Почесниот погодок за Боливија го даде Хустинијано во 82. минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот