Бразилска одбојкарка: Заработувам 50 пати повеќе од фотографии на интернет отколку од одбојка
Убавата спортистка Кејла Алвес Рамаљо од Бразил, попозната само како Ки Алвес, е голема ѕвезда на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Таа има над 2,3 милиони следбеници на „Инстаграм“, а неодамна откри дека нејзината најголема заработка доаѓа токму од социјалните мрежи и од „OnlyFans“, каде споделува свои фотографии и видеа.
„Ми се допаѓало тоа или не, тоа ми носи најмногу пари денес. Се сметам за спортистка, манекенка, инфлуенсерка, деловна жена и претприемач“, вели одбојкарката во интервју за „O Globo“.
View this post on Instagram
На споменатата страница вели дека споделува само фотографии и кадри кои би ги објавила во магазин. „Нема голотија“, вели таа.
„Фотографиите што ги објавувам на мојот профил на „OnlyFans“ се целосно создадени на опуштени и пред се професионални сесии. Без голотија или нешто слично. Кој и да го бара тоа на мојот профил нема да го пронајде“, рече таа.
View this post on Instagram
„На дигиталните платформи заработувам околу 50 пати повеќе отколку од одбојката. Уште повеќе на „OnlyFans“ бидејќи месечната цена од 16 евра е фиксна“, рече таа.
View this post on Instagram
Ки игра за женскиот одбојкарски клуб „Осаско“, кој е со седиште во Осаско, Бразил. Иако има кариера како инфлуенсерка и модел, таа сепак се опишува себеси како професионален спортист.