Бразилецот Роналдо по забавите одеше директно на тренинг, Роналдињо имаше дискотека во сопствената куќа

epa00754490 Brazil's Ronaldo (L) and Ronaldinho during a training session in Bergisch Gladbach on Monday, 26 June 2006. Brazil will face Ghana in the second round match of FIFA World Cup on Tuesday in Dortmund. EPA/FELIX HEYDER

Поранешниот бразилски репрезентативец Зе Роберто открива пикантерии за некогашните колеги.

Бразилецот Зе Роберто кој и завршувањето на кариерата пред три години, продолжува со спортскиот живот и вежбањето. Тој кариерата ја заврши на 43 години, а според изгледот на телото без проблем може да игра до својата 50. година.

Тој неодамна се спореди со Кристијано Роналдо, односно му зададе предизвик на Португалецот кој исто така е неверојатен фитнес фанатик да игра професионален фудбал и во петтата деценија.

Зе Роберто/Инстаграм

– Мислам дека сум во предност во однос на него. Доколку игра фудбал како мене во ред, ќе признаам дека е подобар од мене во физичката подготвеност – вели Зе Роберто.

Бразилецот кој има 46 години беше активен фудбалер се до пред три години и во 23 години долгата кариера има играно за Баерн Минхен, Реал Мадрид, Баер, Хамбургер и неколку бразилски екипи, а кариерата ја заврши во Палмеираш.

За тоа време играше со едни од најдобрите фудбалери на сите времиња како што се бразилците Роналдо и Роналдињо кои се целосна спротивност од него.
– Роналдо ги обожуваше забавите и ноќниот живот. Навечер ќе отидеше на забава, а потоа по непроспиена ноќ ќе се појавеше на утринскиот тренинг и тогаш работеше како животно. Што се однесува до Роналдињо, тоа е друга приказна. Рони имаше дискотека во својата куќа – открива Зе Роберто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот