Бразилецот Роналдо беше вистински се*ко, подобар е од Марадона, Меси и Роналдо

Легендарниот дефанзивец на Милан, Алесандро Костакурта, му оддаде почит на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Иако Луис Назарио да Лима Роналдо ги имаше сите предиспозиции да стане можеби и најдобриот фудбалер во историјата, но за жал повредите му ја уништија кариерата. Сепак, иако можеше многу повеќе да понуди, и со тоа што го направи, Роналдо остави неизбришлива трага во 1990-тите и 2000-те години и со право се смета за еден од најдобрите.

За неговите квалитети зборуваа многу елитни дефанзивци, а една од најпопуларните изјави за тоа што претставуваше Роналдо е на Синиша Михајловиќ:
– Роналдо тргна во контранапад, а Неста и јас сме сами во одбрана.

Сега ред дојде и на еден од најдобрите дефанзивци во историјата, Алесандро Костакурта кој за Паоло Малдини го сочинуваа легендарното дефанзивно дуо на Милан и италијанската репрезентација.
– Роналдо беше незапирлив, поради него сите изгледавме лошо. Уживаше во тоа да не гледа како позади него „јадеме трева“, беше вистински се*ко – зборува Костакурта.

Не е само Костакурта кој мразеше да игра против Бразилецот.
– Прашајте ги Неста, Малдини, Канаваро или Ферара, сите ќе би кажат дека него беше најтешко да го чувате. Секоја вечер пред натпревар спијам мирно, освен во ноќите кога наредниот ден требаше да играм против него. Уживаше во фудбалот, имаше техника како никој друг и многу пати во директните дуели завршував на тревата. Роналдо е подобар од Марадона, подобар е и од Лионел Меси и Кристијано Роналдо – вели Костакурта кој целата своја кариера ја помина во Милан, освен сезоната (1986/87) и со „росоњерите“ освои седум титули во Серија А и пет пати триумфира во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот