Бразилецот Рејнер до 2026 година во Реал Мадрид! (ВИДЕО)

фото: твитер

„Кралскиот“ клуб соопшти дека талентираниот играч од средниот ред, кој во неделата наполни 18 години во недела, најпрво ќе игра за „Б“ тимот на Реал.

Поранешниот фудбалер на бразилскиот Фламенго, Рајнер Жезус Карваљо беше промовиран пред јавноста во шпанскиот главен град и потпиша договор со Реал Мадрид до јуни 2026 година.

„Кралскиот“ клуб соопшти дека талентираниот играч од средниот ред, кој во неделата наполни 18 години во недела, најпрво ќе игра за „Б“ тимот на Реал.

Не се прецизирани финансиските детали околу договорот, а шпанските и бразилските медиуми информираат дека трансферот од Фламенго вреди нешто повеќе од 30 милиони евра.

Се очекува повторно да биде во Мадрид по одигрувањето на квалификациските натпревари за репрезентацијата на Бразил до 23 години за учество на Олимпијадата во Токио.

Рејнер е третиот бразилски тинејџер кој потпиша за Реал во последните неколку сезони по Винисиус Жуниор и Родриго.

Винисиус исто така играше за Фламенго, а Родриго за Сантос. Трансферите на обајцата играчи изнесуваа скоро 45 милиони евра. И двајцата играа прво за „Б“ екипата, пред да се приклучат на првиот тим.

Рајнер минатата година ја освои бразилската лига со Фламенгос и Купот Либертадорес, најважното фудбалско натпреварување на Јужна Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот