Бразилецот Пике ќе му плати на Хамилтон 950.000 долари поради навреда

Фото: EPA-EFE/STR

Поранешниот светски шампион и легенда во Формула 1, Бразилецот Нелсон Пике ќе мора да плати казна од 950.000 долари поради расистички навреди кон Луис Хамилтон.

Во петокот бразилскиот суд го казни Пике за интервју од 2021 година кога употреби навредливи зборови за возачот на Мерцедес и поранешен светски шампион.

Пике за седумкратниот светски шампион го навреди во интервју во ноември 2021 година, коментирајќи ја несреќата на Хамилтон на Британското ГП со Макс Ферстапен.

Бразилецот преку својата избраничка подоцна испрати извинување до Хамилтон, но и покрај тоа британскиот возач не се откажа од тужбата и на крајот беше пресудено во негова корист.

Во кариерата Пике успеа да освои три титули во Формула 1 и тоа во 1981, 1983 и 1987 година. Последен пат на трка учествуваше во 1991 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот