Фото: EPA/Ricardo Maldonado Rozo

Бразилец ќе го суди првиот натпревар на Светското првенство

Бразилскиот судија Вилтон Сампајо ќе застане на центарот на првиот натпревар од Светското првенство меѓу репрезенациите на Мексико и Јужна Африка, објави ФИФА.

За Вилтон Сампајо ова ќе биде трето Светско првенство во својата кариера.

Натпреварот од првото коло од групата А на Мундијалот ќе се игра во четврток од 21.00 часот по македонско време во Мексико Сити.

Помошниците на главниот судија ќе бидат исто така од Бразил, Бруно Пирес и Бруно Бошилија.

ФИФА го назначи Парагваецот Хуан Габриел Бенитез за четврти судија, додека неговиот сонародник Едуардо Кардозо е резервен судија.

Во ВАР собата ќе бидат Колумбиецот Николас Гало, Чилеанецот Хуан Лара и Французинот Жером Брисар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот