Бразилците купувале гласови за Рио да ја добие организацијата на ЛОИ

Поранешниот гувернер на Рио де Жанеиро по прв пат призна дека купувал гласови на делегатите на Меѓународниот олимписки одбор. Меѓу делегатите кои примиле мито од Кабрал се две спортски легенди, поранешниот украинскиот скокач со стап, Сергеј Бубка и поранешниот руски пливач, Александар Попов, со цел Рио де Жанеиро да ја добие организацијата на Летните олимписки игри во 2016 година.
Серџо Кабрал пред судот изјави дека во 2009 година потрошил два милиони долари за купување на гласови.

– Купувањето на гласовите беше организирано преку поранешниот претседател на Светската атлетска федерација (ИААФ), Ламин Диак – изјави Кабрал во судот.

Тој откри дека поранешниот претседател на Бразилскиот олимписки комитет, Карлос Артур Нузман, му препорачал да му понуди мито на Ламин Диак. Кабрал кој е е осуден за повеќе случаи на корупција и перење на пари, отслужува затворска казна од 2016 година.

На сослушувањето во судот во Рио де Жанеиро, Кабрал рече дека Нузман и бразилскиот тајкун Артур Цезар Соареш купиле гласови на неколку членови на Меѓународниот олимписки комитет, неколку денови пред гласањето на кое бразилскиот град ја доби организацијата на ЛОИ 2016 година. Помеѓу имињата кои Кабрал ги кажа се Бубка и Попов. Тој исто така откри дека поранешниот претседател на Бразил, Луис Ингацио Лула да Силва не бил директно вклучен во купувањето на гласовите, но знаел за тоа иако досега постојано негира било каква вмешаност.

На гласањето кое во 2009 година се орджа во Копенхаген, Рио де Жанеиро ја доби организацијата на ЛОО 2016 година, а притоа победувајќи ги конкурентите Мадрид, Чикаго и Токио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот