Бразил во солзи: На 26 години загина една од најпопуларните пејачки во земјата

Марилија Мендонса / фото: Humor Multishow/Википедија

Марилија Мендонса, една од најпопуларните бразилски поп ѕвезди, загина откако малиот приватен авион со кој патувала се урнал во југоисточната држава Минас Жераис.

Дваесет и шестгодишната Мендонса загина вчеравечер додека патувала на концертот што требаше да го одржи во Рио де Жанеиро.

Во несреќата загинал и продуцентот на Мендонса, Енрике Рибеиро, нејзиниот вујко и асистент Абисиел Силвеира Дијаз Фиљо, пилотот и копилот, пренесува Ројтерс.

Веста за нејзината смрт на социјалните мрежи ја потврди нејзиниот тим.

„Со огромна тага ја потврдуваме смртта на пејачката Марилија, нејзиниот продуцент Хенрике Рибеиро, нејзиниот вујко и советник Абисиел Силве Диас Фиљо и пилотот и копилотот кои засега нема да ги именуваме. Авионот полета од Гојанија во Каратинг, каде Марилија настапи синоќа. Ова се сите информации што ги имаме во моментов“, напишаа тие.

Видео на денот