Бразил во полуфиналето на „Копа Америка“ (ВИДЕО)

twitter.com/FamousSports1

Во Порто Алегре стрелците не беа многу расположени и по конечните 0:0 се пријде кон изведување пенали.

Единствено се одвојува моментот во 54. минута кога беше досуден пенал за Бразил, но по прегледувањето на снимката со помош на ВАР технологијата, судијата ја промени одлуката во корист на Парагвај и пеналот беше поништен.

Во пенал серијата „кариоките” славеа со 4:3. За Бразил прецизни од белата точка беа Вилијан, Маркињос, Кутињо и Габриел Жезус, промаши Фирмињо.

Трите гола за Парагвај ги постигнаа Алмирон, Валдез и Рохас, не реализираа Гомез и Гонзалес. Противник на Бразилците во полуфиналето ќе им биде поуспешниот од вечерашниот натпревар меѓу Венецуела и Аргентина.

Другите две четвртфинални двојки се: Колумбија – Чиле и Уругвај – Перу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот