Бразил со рекорден број на жртви од ковид-19 во еден ден

Фото: EPA-EFE/RAPHAEL ALVES ATTENTION: This Image is part of a PHOTO SET

Во Бразил во изминатите 24 часа од ковид-19 починале 1.641 лице, што е рекорден број на смртни случаи регистрирани во земјата за еден ден, покажуваат податоците на локалното Министерство за здравство.

Претходно, најголемиот број смртни случаи беа забележани на крајот на јули минатата година – 1.595.

Бразил се соочува со нов бран на епидемијата, а здравствениот систем е пред колапс.

Според официјални податоци во Бразил од ковид-19 досега починаа повеќе од 257.000 луѓе, а земјата е на второто место во светот, по САД, по вкупниот број смртни случаи од коронавирусот.

Околу 10,6 милиони случаи на коронавирус се потврдени од почетокот на пандемијата, а 59.925 лица биле заразени во последните 24 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот