Бразил: Рекорден број на новозразени со Ковид-19, повеќе починати од Шпанија

Луѓе во Рио де Жанеиро присуствуваат на масовен погреб на жртви починати од коронавирус / 23 април 2020, Рио де Женерио, Бразил / Фото: EPA-EFE/RAPHAEL ALVES

Бразил исто така информира за 26.928 нови случаи на коронавирусот, што е рекорден број на дневно ниво.

Бразил ја помина Шпанија по бројот на смртни случаи од Ковид-19. Во изминатите 24 часа од коронавирусот починале 1.124 лица, покажуваат податоци од Министерството за здравство на Бразил.

Тоа е четврти ден со повеќе од илјада смртни случаи од коронавирусот во Бразил.

Вкупниот број на починати сега изнесува 27.878, наведува Си-Ен-Ен, додека во Шпанија, според податоци на Универзитетот Џон Хопкинс, од коронавирусот починале 27.121 лице.

Бразил исто така информира за 26.928 нови случаи на коронавирусот, што е рекорден број на дневно ниво.

Вкупниот број на заразени во земјата сега изнесува 465.166.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот