Бразил пријави нов црн ковид рекорд: За 24 часа заведени 18.947 нови случаи и 407 починати лица

Фото: EPA-EFE/ANTONIO LACERDA

Бразил регистрира рекордни 18.947 случаи на коронавирус во последните 24 часа, период за кој се пријавени и 407 смртни случаи, соопшти Министерството за здравство.

Над 5,5 милиони луѓе во Бразил се заразени со вирусот од почетокот на пандемијата, што е најмногу по САД и Индија.

Оваа јужноамериканска земја има и 159.884 смртни случаи поврзани со ковид-19, што ја рангира на второ место по САД во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот