Бразил не можеше да поверува, Полјаците го вратија „невозможното“! (ВИДЕО)

twitter.com/FIVBVolleyball

Во петтиот решавачки сет, при водство на јужноамериканскиот претставник со 1:0 во поени, Полска израмни на еден неверојатен начин.

Силен беше сервисот на Бразил, тежок прием, па мораше да се реагира со нога (што е дозволено во одбојката), а еден од полските репрезентативци дури излезе надвор од паркетот и ја врати топката од една крајно невозможна позиција.

Бразил имаше нова шанса за зголемување на позитивата, но ударот заврши во аут, за голема радост кај полските фудбалери.

На крајот сепак Бразилците триумфираа со резултат 3:2 по сетови 19:25, 23:25, 25:19, 16:25 и 15:11.

На табелата во генералниот пласман водат „кариоките“ со 26 максимални бодови, еден повеќе од Полјаците на втората позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот