Бразил, најголемиот светски извозник на пилешко, погоден од птичји грип

Пилешки стек месо во маркет / ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Бразил, најголемиот светски извозник на пилешко, прогласи вонредна состојба за здравјето на животните за 180 дена, објави Ројтерс. Одлуката е одговор на првото откривање на високопатоген вирус на птичји грип кај дивите птици во таа земја. Врз основа на упатствата на Светската организација за здравје на животните, инфекцијата со подтипот H5Н1 не води до забрана за трговија.

Но, во Бразил знаат дека појавата на болест на фарма обично резултира со убивање на целото стадо и може да предизвика трговски ограничувања од земјите увозници. Досега се потврдени осум случаи на вирусот кај дивите птици. Најголем дел од производството е во јужните региони кои не се погодени, но владата е во состојба на готовност.

Веста влијаеше и на акциите на бразилската БРФ СА, најголемиот светски извозник на пилешко.

Пораснаа за 3,6 отсто пред владиното соопштение, а ден подоцна завршија со пад од 0,5 отсто. Вакцинацијата на живината неминовно би довела до трговски ограничувања и затоа оваа земја не ја поддржува оваа превентивна мерка, пренесува „Економски тајмс“ и пренесува „Агроклуб“. Извозот би бил загрозен доколку вирусот зарази комерцијални фарми.

Тие извезуваат живина и производи од живина во повеќе од 130 земји, што ги отежнува можните преговори за извоз на вакцинирана живина и производи од живина. Вирусот обично е фатален за живината, а цели стада треба да се уништат дури и кога само една птица е заразена или е позитивна на болеста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот