Бразил: Над 3 милиони заразени од коронавирус и повеќе од 100.000 починати

Маж плаче по свој близок кој починал од ковид-19 на гробиштата Кампо де Есперанса во Бразилиа / 21 мај 2020, Бразил / Фото: EPA-EFE/Joedson Alves

Пет месеци од првиот случај на Коронавирус во Бразил бројот на заразени во оваа земја надмина 3 милиони, а починаа повеќе од 100.000 лица.

Во саботата се регистирани 49.970 нови случаи на коронавирус, така што во земјата со 210 милиони жители заразени се вкупно 3.012.412 луѓе.

Од коронавирусот почина уште 905 лица, а од почетокот на епидемијата 100.417 луѓе, соопшти министерството за здравство.

Првите 50.000 луѓе починаа во период од 3 месеци, а потоа уште 50.000 лица за 50 дена, пренесува Ројтерс.

Бразилскиот Врховен суд и Конгрес, институциите кои го критикуваат начинот на кој претседателот Жаир Болсонаро ја води борбата против пандемијата, прогласија тродневна, односно четиридневна национална жалост поради 100.000 жртви од коронавирусот.

Претседателот Болсонаро сѐ уште не се огласи по тој повод.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот