Бразил на второ место во светот по бројот на смртни случаи од Ковид-19

Фото: EPA-EFE/ANTONIO LACERDA

Вкупниот број на починати луѓе се искачи на 41.828, од кои во 909 лица во изминатите 24 часа.

Бразил ја престигна Велика Британија по бројот на смртни случаи од последици од новиот коронавирус и сега е на втор место, зад САД.

Вкупниот број на починати луѓе се искачи на 41.828, од кои во 909 лица во изминатите 24 часа.

Министерството за здравство на Бразил соопшти дека вкупниот број на инфицирани лица изнесува 828.810, откако беа регистрирани 25.982 новозаболени.

Бразил и по бројот на заразени луѓе е на второ место, зад САД.

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро смета дека новиот коронавирус не претставува голема опасност и пандемијата ја нарече „мал грип”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот