Бразил ја обвини Венецуела еколошката катастрофа на северозападниот брег

Фото: Профимедиа/Илустрација

Бразилскиот министер за рударство и енергетика Бенто Албукерке изјави денеска дека Владата не го открила потеклото на мистериозната нафта што се појави на бразилските плажи.

Меѓутоа, официјален претставник рече дека таа има „својства на венецуелската нафта”.

Претходно, венецуелското Министерство за нафта и државната нафтена компанија „Петролеос де Венецуела” во заедничка изјава соопштија дека таа земја не е одговорна за излевањето на нафтата што го загади северозападниот брег на Бразил во текот на септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот