Бразил издвојува 356 милиони долари за вакцина против Ковид-19

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро издаде декрет кој предвидува да се издвојат 356 милиони долари за набавка и производство на потенцијална вакцина против коронавирусот, што ја развиваат компанијата „АстраЗенека” и истражувачи од универзитетот Оксфорд.

Вршителот на должноста бразилски министер за здравство, генерал Едуардо Паусело рече дека вакцината би можела да биде достапна на Бразилците до декември оваа година или јануари 2021 година.

Тој додаде дека станува збор за вакцина која најмногу ветува во светот во борбата против коронавирусот.

– Вакцината е решение да се стави крај на пандемијата, рече Паусело.

Компанијата „АстраЗенека” се смета за фаворит во глобалната трка да се најде ефикасна вакцина против коронавирус.

Паусело рече дека Бразил првично ќе добие 100 милиони дози, што ќе овозможи вакцинирање на половина од населението на земјата, а потоа ќе започне со производство на вакцината на локално ниво.

Прочитајте и...  БИТКА НА МИЛИОНИТЕ: Кој ги финансира предизборните кампањи во САД?

Прочитај повеќе

Хрватска останува на словенечката листа на епидемиолошки небезбедни дестинации

Слободен печат

ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ НА ДЕЛО: Тројца полицијаци претепаа Роми во Битола (ВИДЕО)

В.Т.

ЕУ бара решителна борба против ковид-19 во вториот бран за да се избегне реприза на првиот

Слободен печат

Мицотакис со видео-порака до граѓаните: Целосен карантин не е опција

Слободен печат

Во Прилеп ситуацијата со ковид-19 сериозна, неопходна е монтажната болница

Слободен печат

Банкарските сметки на Навални се замрзнати

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Спасовски: Нема толеранција за говорот на омраза, мора добро да се превенира

Слободен печат

Скопје ќе стане центар за борба против лажни вести на јужното крило на НАТО

Лука Андреев

Мирен протест на учениците и просветните работници во Атина

Слободен печат

Заедницата на српски општини сè уште е камен на сопнување на Вучиќ и Хоти. Не знае дали следниот состанок во Брисел ќе се одржи

Илинка Иљоска

Падна договор: Нова депонија за Гостивар за пет години

(ВИДЕО) Шекеринска до полковникот Ковачки: Да не ја ставаме политиката над Армијата!

Лука Андреев