Бразил ги шокира Адетокумпо и Грција

Селекцијата на Бразил приреди големо изненадување со победата над фаворизираната Грција со минимални 79:78, во натпревар во кој трагичар беше првата ѕвезда на Грцијам Јанис Адетокумпо.

Натпреварот помина во израмнета битка, а првиот удар го зададоа „кариоките“ кои одиграа фантастично во третата четвртина која ја добија во своја корист со 26:13.Но и тоа не беше доволно да се завери победата, гршчките кошаркари успеаја да се вратат во игра и во финишот да дојдат до можност и да слават. на една минута до крајот Бразил имаше предност од пет поени (76:71), но поради неспортскиот прекршок на Луз и тројката на Принтезис, Грција во само еден напад ја врати неизвесноста.

По тајмаутот на селекторот на Бразил, Александар Петровиќ, Андерсон Варежао повторно донесе предност од 78:76. Во наредниот напад Адетокумпо не успеа „цепелинот“ да го смести во противничкиот кош, по што направи прекршок. Леандро Барбоса погоди само едно од двете слободни фрлања за предност од три поени. И кога сите мислеа дека Бразил ќе триумфира, Луз направи неверојатна глупост, го фаулира Слукас при шут од сопствената половина. Но, за среќа на „кариоките“, Слукас погоди две слободни фрлања за минимална победа од 79:78.

Маркињос со 15 поени беше најефикасен кај победникот кој има две победи во првите две кола, Варежао постигна 13, додека кај Грција прво име беше Принтезис со 20 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот