Браво за наставниците од Карпош: Интересот за вакцина огромен, од септември ќе можат да здивнат од короната

Вакцинален пункт Борис Трајковски - Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески

Засега се тече во најдобар ред, нема голем застој, наставниците се задоволни од процесот на вакцинација, велат од Општина Карпош за „Слободен печат“, каде од вчера започна процесот на имунизација на просветните работници, со приоритет на оние кои држат настава со физичко присуство.

– Од сите десет основни училишта во рамките на општината има голем број на заинтересирани наставници за вакцинација, а откако први ќе ја примаат вакцината оние кои им држат настава на учениците до трето одделение, потоа ќе следува вакцинација и за останатите – додаваат од општина Карпош, посочувајќи дека целиот процес се одвива во координација со Министерството за образование и наука.

– Вакцинацијата е дел од планот за имунизација, наставниците се организирани преку Министерството за образование и наука. По основните училишта во Општината, очекуваме вакцинацијата да продолжи и во градинките – заклучија од Општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот