БРАВО МОМЦИ: Надежите во Подгорица ја урнаа Црна Гора! (ВИДЕО)

ffm.mk

Македонската млада У21 фудбалска репрезентација славеше и во вториот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2021 овојпат на гостувањето во Подгорица со 1:2 против Црна Гора.

Сите голови на „ДГ арена“ беа реализирани во текот на првото полувреме, прво поведоа Црногорците со голот на Скендеровиќ после асистенцијата на Крстовиќ во 10 минута од средбата.

Само четири минути подоцна прекрасно од слободен удар реализираше Атанасов во 14 минута за израмнување.

Истиот играч кој на клупски план ги брани боите на турскиот клуб Бурсаспор од пенал го постави конечниот епилог во 33 минута.

Дали селекторот Благоја Милевски крои уште една историска генерација после онаа првата во 2017 година што ќе успее да обезбеди пласман на Европско првенство, останува да се види, сепак пред нашите надежи остануваат да се одиграат уште осум натпревари до крајот на квалификацискиот циклус.

Во рамките од квалификациската група „6“ моментно води нашата селекција со шест бодови, а својот нареден трет меч од квалификациите ќе го има во Скопје на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ на 15 октомври против Казахстан од 14.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот