Браво Ивановски: Македонскиот тенисер во финалето на турнирот во Мадрид

фото: instagram.com/kalin_ivanovskii

Најдобриот македонски тенисер оствари уште еден триумф на ИТФ Фјучрс турнирот во Мадрид, Шпанија, откако денеска во полуфиналето со 2:1 во сетови го совлада Сидане Понтјодикромо од Холандија.

Калин Ивановски дојде до победата за скоро два часа игра, првиот сет успеа да го освои со 6:4.

Возврати холандскиот натпреварувач кој беше подобар во вториот сет убедливо со 6:1.

А во третиот решавачки сет кој траеше и најдолго, 52 минути, Ивановски славеше со 7:5.

Македонецот, кој е петти носител на турнирот во шпанскиот главен град, во финалето в недела ќе игра против Британецот Марк Вајтхаус (четврти носител) кој во второто полуфинале со 2:1 (6:3, 3:6, 6:1) го елиминираше Шпанецот Јон Ечевериа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот