Браво Дејан: Македонскиот таеквондист го елиминираше сребрениот медалист од последното СП

фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Најдобриот таеквондист од Македонија, Дејан Георгиевски настапува на најелитниот турнир во таеквондо светот, Финале Гран При кој се одржува во Ријад, Саудиска Арабија.

На овој турнир се поканети само најдобрите во светот, а Георгиевски стартуваше победнички.

Нашиот натпреварувач доминантно го елиминираше сребрениот медалист од последното Светско првенство во Мексико, Иван Гарсија Мартинез од Шпанија.

Македонецот славеше во првата рунда со 5:2, а во втората беше уште подобар со 13:0.

Според најавите во четвртфиналето противник на Георгиевски ќе биде првиот носител, Мартин Соарес од Бразил.

Овој турнир носи слични бодови како светско првенство за освојување олимписка норма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот