БРАВО: Борусија тренираше пред полни трибини (ФОТО)

twitter/B/R Football

Фантастичен потег на челниците на тимот од Менхенгладбах

Управата на Борусија Менхенгладбах има одлична соработка со своите навивачи дури и за време на пандемијата на коронавирусот, кои пак не ги оставаат на цедило фудбалерите.

Имено, пред извесно време управата на клубот одлучи да им овозможи на фановите нивните лица за само 19 евра да се најдат на трибините на „Борусија парк“.

Повикот на кллубот го прифатија повеќе од 16.000 навивачи кои платија 19 евра за картон со нивниот лик да биде поставен на стадионот.

Денеска фудбалерите на Борусија Менхенгладбах го имаа првиот тренинг на „Борусија парк“ пред продолжението на сезоната, а на трибините ги пречеаа навивачи, поточно картони со навивачи на клубот.


Одличен потег на управата, нема што.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот