Браун за пресврт на Црвена звезда против Олимпијакос (ВИДЕО)

фото: euroleague.net

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа после голем пресврт екипата на Олимпијакос со 88:81, во натпреварото од 15. коло во Евролигата.

Гостите од Грција имаа 12 поени предност после првото полувреме, но српскиот состав благодарение на добрата одбрана и фантастична партија на Лорензо Браун дојде до шестиот триумф во натпреварувањето.

Браун ја одигра најдобрата партија во „црвено-белиот“ дрес, а дуелот го заврши со 34 поени и вкупен индекс од 32.

На спротивната страна Брендон Пол реалзираше 21 поен, 15 беа дело на Никола Мулутинов.

На табелата на врвот е Реал Мадрид (12-3), Олимпијакос е на 11. позиција (6-9), а Црвена звезда на 13. место (6-9).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот