Браун: Вакцинирањето против коронавирус во Германија нема да биде задолжително

Тој кажа дека кога ќе има вакцина, а се надева дека тоа ќе биде наскоро, секој што сака да се вакцинира ќе може тоа да го стори.

Вакцинирањето против коронавирусот нема да биде задолжително во Германија, изјави шефот на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, Хелгер Браун.

Тој изјави дека вакцинирањето ќе се спроведува врз доброволна основа.

– Секако, добро би било да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе, но сите ќе одлучат сами, рече Браун.

Тој кажа дека кога ќе има вакцина, а се надева дека тоа ќе биде наскоро, секој што сака да се вакцинира ќе може тоа да го стори.

-Ако не сакате, тогаш сами ќе мора да го понесете ризикот од заразување – рече Браун.

Тој изрази надеж дека меѓу почетокот и средината на следната година вакцината ќе биде достапна за населението.

Потоа, додаде тој, пандемијата ќе заврши.

– Откако ќе се појави вакцината нема да има веќе ограничувања и ние ќе се вратиме во нормалниот живот – рече Браун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот