Браун: Ревизија на инцидентите со полицајци на протестите во Портланд (ВИДЕО)

epaselect epa08578495 A Black Lives Matter protester shouts and react holding a portrait of George Floyd under which is written 'No Justice No Peace', as more than a thousand people demonstrate against racism and police brutality next to the Justice Center in downtown Portland, Oregon, USA, 31 July 2020. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Гувернерката на Орегон, Кејт Браун, побара да се разгледаат „сите наводни инциденти” на протестите во Портланд, во кои беа вклучени полицајци.

Таа на својот профил на Твитер напиша дека е посветена на градење доверба со заедницата.

На видеата објавени на Интернет се гледа како полицијата на Портланд го турка на земја фоторепортерот Џон Рудоф додека се обидуваше да фотографира,а притоа имаше ознака „Прес”.

Друго видео покажува како полицаец прска солзавец директно во лицето на еден маж.

Неколку лица беа уапсени, а полицијата соопшти дека собирот е незаконски и заплени предмети кои ги носеа демонстрантите.

Браун ги замоли управникот на државната полиција на Орегон, Тревис Хамптон, шерифот на округот Мулнома Мајк Рис и началникот на полицијата во Портланд, Чак Ловел, да погледнат уште еднаш што се случило за време на нивните заеднички операции на протестите.

„Новинарите и полицајците имаат тешки задачи за време на овие демонстрации, но сепак верувам дека можеме да ја заштитиме слободата на говорот и да го одржиме мирот”, напиша Браун на Твитер.

Протестите во Портланд траат од мај, кога полицаец го уби афроамериканецот Џорџ Флојд. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот