Браун: Германија можно е да ги ограничи невакцинираните

EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Германија денеска соопшти дека можеби е потребно да се воведат ограничувања за невакцинираните лица, доколку бројот на заразени во земјата во следните месеци повторно достигне максимум.

Шефот на кабинет на германската канцеларка, Хелге Браун, за „Билд ам Зонтаг” изјави дека не очекува уште еден локдаун поради коронавирусот во Германија.

Браун кажа дека на невакцинираните лица ќе им биде забрането да влегуваат во ресторани, кина и стадиони, бидејќи ризикот е преголем.

Тој додаде дека „вакцинираните сигурно ќе имаат поголема слобода од невакцинираните“.

Ваквите мерки, како што оцени, би биле законски затоа што „државата има одговорност да го штити здравјето на своите граѓани“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот