Братучедот на Харадинај доби куршум во задникот, се трага по напаѓачот (ВИДЕО)

Братучедот на Рамуш Харадинај, Мустафа Ахметџекај (46) кој беше ранет вчера на пладне во Пеќ, тврди дека претходно немал проблем со осомничениот кој пукал во него.

Тој за косовските медиуми објасни дека бил мета на напад, а сè се случило откако прво разговарал со осомничениот.

„Со лицето кое пукаше, вежбавме заедно фитнес во теретана. Бев во ресторанот и јадев, момчето дојде, се поздравивме и му реков дојди да пиеме кафе и разговараме за некои работи. Тој не седна. Малку подалеку имаат автошкола. Се врати со неговиот татко и почнаа да ми се закануваат. Им реков да ме остават да си го дојадам јадењето. Кога влегов во автомобилот, неговиот татко го впери пиштолот кон мене“, рече Ахметџекај.

Осомничениот испукал неколку куршуми кон него при што два го погодиле во ногата, а третиот во задникот. Повреден бил и случаен минувач.

Според лекарите, здравствената состојба на двајцата повредени е надвор од животна опасност, додека полицијата сè уште не успеала да го фати сторителот.

Ахметџекај негира дека во минатото имал проблеми со осомничениот.

„Му реков да пука, полицијата беше присутна таму, во еден момент се слушнаа истрели позади мојот грб. Два куршуми ме погодија во ногата и еден во задникот. Јас сум уште во болницата во Пеќ.“ објасни тој.

Според него, апсурдно е да се пука со огнено оружје зад грб и тврди дека се чувствува чист во врска со расправијата. Сепак се чувствува загрозен и вели дека минатата ноќ ја заклучил болничката соба затоа што полицијата не дошла да го чува.

Во разговор со „Газета Експрес“ на прашањето какви семејни врски има со поранешниот премиер и лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, тој рече: „Таткото на Рамуш и мајка ми се брат и сестра“.

Вчера по инцидентот, портпаролот на полицијата за регионот на Пеќ, Фадил Гаши изјави дека повредените се пренесени во болница и се надвор од животна опасност. „Надлежните единици работат на случајот, сè уште нема информации за уапсени“, рече Гаши.

Од обвинителството соопштија дека ќе преземаат сите активности за приведување на осомничениот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот