Братучед на убиениот Ѓокиќ ја искористил блискоста со него за да го изврши суровото тројно убиство

Запалениот автомобил на семејството Ѓокиќ / фото: Курир.рс

Осомничениот за суровото убиство на тројцата членови на семејството Ѓокиќ во Србија, кој беше уапсен вечерва, е близок роднина, прв братучед на убиениот Горан Ѓокиќ, кој имал менувачница во Алексинац, пишуваат српските медиуми.

Тој бил еден од ретките луѓе во кои Горан Ѓокиќ имал доверба и веројатно го искористил тоа за да ги убие заедно со сопругата Гордана и ќерката Лидија, откриваат полициски извори. Осомничениот братучед е поранешен пожарникар, кој бил многу близок со убиениот Горан. Ѓокиќ го ангажирал роднината да му го пере автомобилот, затоа што немал доверба во работниците во пералниците поради повеќето сефови за пари кои ги имал во колата.

„Г.Џ. испланирал сѐ однапред, ја подготвил нафтата, нашол дупка во која ќе ги закопа телата, ги одвел таму, ги убил и ги запалил“, пишува Информер, повикувајќи се на извори од истрагата.

Уапсениот осомничен Г.Џ. / фото: приватна архива

Во извештаите на српските медиуми се додава дека осомничениот убиец, кој од прв обид го поминал тестот на детектор на лаги, има психички проблеми.

Тој, според изворите од истрагата, откако ги убил братучедот, снаата и 26-годишната внука, влегол во нивниот автомобил и го однел на друга локација, на која го запалил. По ова, тој се качил на скутер кој го чекал на местото и си заминал. Неофицијално, при денешното апсење, во дворот на осомничениот се пронајдени закопани 43.000 евра кои ги украл од убиените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот