Братска љубов: Шалке и Вардар заедно испаднаа, заедно посилни ќе се вратат!
Како што е веќе познато, верните навивачи на Шалке и Вардар се збратимени и имаат голема почиту едни спрема други.
Сезонава и двете екипи испаднаа во понизок ранг, поточно Вардар од Првата македонска лига, додека Шалке од најсилното германско првенство, Бундеслигата.
Интересна слика е објавена на социјалните мрежи, еден навивач на Шалке ја сподели братската љубов и вели дека неуспехот оваа сезона треба само да ги крене, со силна мотивација и се вратат уште посилни.
– Заедно паѓаме, заедно повторно ќе се кренеме!!! Ајде напред Шалке и Вардар, Гелзенкирхен/Скопје – стои во објавата на Дитмар Бредевалд.
До крајот на оваа сезона Шалке има уште три меча, против Херта Берлин, Ајнтрахт Франкфурт и Келн, додека Вардар има уште еден дуел на 16 мај дома против Македонија ЃП.
ВИДЕО: Филмско сценарио на патарина, „Балистите“ ги провоцираа фудбалерите на Вардар!