Братот на сопственикот на ПСЖ кој го најави доаѓањето на Меси, сега тврди дека „светците“ договорија нов тренер

Маурисио Покетино не направи големи резултати со ПСЖ/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Мохамед бин Хамад бин Калифа Ал Тани, братот на сопственикот на ПСЖ, најави дека францускиот тим од идното лето ќе има нов тренер.

Шеикот Мохамед бин Хамад бин Калифа Ал Тани на својот профил на Твитер објави интересен напис со кој ги фрли во транс навивачите на ПСЖ.

Имено, тој напиша: Се е договорено. Наскоро ќе следува и официјална потврда. Добредојде Зезо“, а еден час подоцна објави фотрографија од Зинедин Зидан со кратка порака: „Лека ноќ“.


Оваа објава е најава дека Зинедин Зидан од идната сезона ќе седи на клупата на ПСЖ и ќе работи со ѕвезди како Лионел Меси, Нејмар, Серхио Рамос, а можно е да ја одигра и клучната улога во останувањето на Килијан Мбапе. Договорот на Мбапе му истекува на крајот од сезоната и се шпекулира дека веќе има усен договор со Реал Мадрид, но евентуалното доаѓање на неговиот идол Зидан во ПСЖ, може и да ги сврти работите и одличниот напаѓач да се одлучи да остане во Париз.

Од друга страна, Маурисио Покетино веднаш откако ќе си замине од ПСЖ ќе добие нова улога, ќе го води тимот на Манчестер јунајтед.
Англискиот тим вчера го назначи Ралф Рангник за нов менаџер на местото на Оле Гунар Солскјер и тој треба да ја одработи сезонава и идното лето тренерското столче да му го препушти на Покетино.

Мохамед бин Хамад бин Калифа Ал Тани вообичаено кога објавува информации на Твитер, тие подоцна се покажуваат како точни, а доказ за тоа се двете летни објави.
Шеикот беше првиот кој го најави доаѓањето на Лионел Меси од Барселона во ПСЖ, а потоа и го потврди останувањето на Мбапе до крајот на оваа сезона иако Реал Мадрид понуди 190 милиони евра во летниот преоден рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот