Братот на Ники Минаж силувал дете од 11 години: Реакцијата на раперката ја налути јавноста, а монструмот е осуден на 25 години затвор

Како што пишуваат светските медиуми, инцидентот се случил во 2015 година, кога мајката на несреќното девојче била на работа.

Џелани Мараж, братот на раперката Ники Минаж (37), осуден е на 25 години затвор поради сексуално злоставување на девојче од 11 години во својот дом на Лонг Ајленд.

Како што пишуваат светските медиуми, инцидентот се случил во 2015 година, кога мајката на несреќното девојче била на работа.

Џелани, како што се пренесува, во повеќе ситуации го злоставувал девојчето.

Со ДНК анализа е потврдено дека Џелани Мараж навистина е одговорен за овој монструозен чин.

Пред судот сведочел и помладиот брат на девојчето, бидејќи бил очевидец на ужасниот настан.

Адвокатот на Мараж се жалел на овие обвиненија, но сите жалби биле отфрлени.

Џелани на судењето изјавил дека тој имал проблеми со алкохолот и дека бара „втора шанса“.

Ники Минаж не била присутна во судницата, но писмото кое го напишала во одбрана на својот брат каде го нарекува „внимателен, добар и нежен“, било прочитано пред судијата, што наиде на големи критики во јавноста.

Исто така, адвокатите на Мараж потенцирале дека нивниот клиент има здравствени проблеми, односно дека се соочува и со хипертензија.

На крај е донесена пресуда  братот на славната пејчка да оди во затвор, каде ќе помине полни 25 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот