Братот на исчезнатиот Мартин објави фотографија и апел, споделете и јавете ако имате информации

Седми ден трае потрагата по Мартин на Халкидики/Фото: Скриншот/Фејбук, Voria.gr

Горан Јовановски, братот на исчезнатиот скопјанец Мартин на својот Фејсбук пофил сподели фотографија и порака граѓаните да помогнат во пронаоѓањето на неговиот брат по кого петти ден трагаат грчките крајбрежни служби и волонтери.

Ова е сликата направена од денот на исчезнувањето на мојот брат. Потрагата се уште е во тек меѓутоа со многу намален капацитет. Потребна ни е поголема покриеност од воздух, копно и вода. Доколку некој има било каква информација и е во можност на било кој начин да помогне во потрагата по мојот брат слободно исконтактирајте ме. Ве молам споделете ја фотографијата за волонтерите што помагаат да имаат појасна слика, напиша Горан.

Oбјава на Горан Јовановски на Фејсбук

На фотографијата се облеката на неговиот брат кој критичниот ден во саботата заедно со другарите Васил и Иван славеле роденден на плажата Посиди, на Халидики, по што откако влегле во водата биле одвлечени од брегот од страна на морските струи. Васил е пронајден неколку часа потоа, а Иван следниот ден по 19 часа поминати на отворено море, држејќи се за топка која и му го спаси животот во борбата со брановите.

Мартин е искусен пливач, поранешен балетан во добра физичка кондиција и не се губат надежите дека момчето ќе биде пронајдено. Грчките спасувачки служби го пролонгираат периодот на потрага кој вообичаено истекува 72 часа по исчезнувањето, а по ургенции на министерот за надворешни работи Бујар Османи кај неговиот колега Никос Дендијас.

Вчера се пребаруваше морското дно со подводна камера но немаше резултати, а денеска на петтиот ден освен волонтерите и крајбрежната стража вклучени се и два воздушни дронови за непристапниот карпест терен и куче спасител кое трага по Мартин на плажите во претпоставен радиус во кој би можело да биде 31-годишното момче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот