Братот на Ел Чека: Вестите за моето апсење се лажни

Братот на Ел Чека, Блерим Амеди, ги демантира вестите кои беа објавени во некои медиуми за неговото апсење. Во изјава за весникот Лајм, Ахмеди рече дека овие шпекулации се намерни и излегуваат од кујната на ДУИ. Тој објасни дека во полициската станица во Тетово бил поканет заради протестите кои ќе се организираат во недела во Тетово против ДУИ.

– Вестите за моето апсење се шпекулации кои ги вади партијата на власт ДУИ. Јас бев во полиција со посредниците на ОБСЕ кои видоа дека во Северна Македонија нема демокатија, туку тука продолжува комунизмот. Полицијата ги користи нејзините образложенија за ограничување на протестот, но ние ќе ја продолжиме нашата цел и во недела во 16:00 часот, ќе се сретнеме пред ректоратот на Тетовскиот универзитет и ќе маршираме кон седиштето на ДУИ – изјави за весникот Лајм, Блерим Ахмеди, веднаш откако излезе од полициската станица во Тетово.

Информацијата за наводно апсење на братот на Ел Чека, ја демантира и МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот