Братот на Дражен Петровиќ открива: Црвена звезда го купи местото во Евролигата од Цибона?

epa05495244 Coach Aleksandar Petrovic of Croatia reacts during the men's Basketball quarter final match between Croatia and Serbia of the Rio 2016 Olympic Games at the Carioca Arena 1 in the Olympic Park in Rio de Janeiro, Brazil, 17 August 2016. EPA/JORGE ZAPATA

Хрватскиот тренер Ацо Петровиќ изјави дека Црвена звезда платила одредена сума на пари на Цибона за да влезе во Евролигата во 2014 година.

Братот на Дражен Петровиќ во подкастот „Суперспортске“ зборуваше за добрите односи кои ги имаа Црвена звезда и Цибона посебно се осврна на еден момент од 2014 година. Тогаш хрватските екипи Цедевита и Цибона на фајналфор турнирот во Белград во полуфиналето ги совладаа Партизан и Црвена зведа, но во Евролигата играа „црвено-белите“.

– Тој однос започнува во годината кога Цибона триумфира во АБА лигата, односно со победата над Црвена звезда во полуфиналето и потоа на Цедевита во финалето. Цибона доби гаранции дека ќе бидат обезбедени средства за учество во Евролигата, но на крајот не испадна ништо од тоа, во елитното натпреварување учествуваше Црвена звезда. Не сакам да ризикувам тужба, па ќе го искористам тоа што ме научија моите адвокати. Кога сакаш да кажеш нешто спорно, секогаш нагласи наводно пред тоа. Значи, наводно Цибона за откажување од Евролигата добила финансиски надомест – изјави Ацо Петровиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот