Братот на Џорџ Флојд раскажа како течел разговорот со Трамп: Не ми даде можност ниту да зборувам (ВИДЕО)

Претседателот Трамп вчера во Белата куќа изрази длабоко жалење за смртта на Џорџ Флојд.

Филонис Флојд, братот на од полицијата убиениот афроамериканец Џорџ Флојд, причина која што предизвика масовни протести и немири низ Америка, изјави дека разговарал како со претседателот Доналд Трамп, така и со претседателскиот кандидат Џо Бајден, но дека разговорот со Трамп бил „многу брз”.

-Тој не ми даде можност ниту да зборувам, беше тешко. Се обидов да разговарам но тој постојано, некако ме одбиваше, како „не сакам да чујам што сакаш да кажеш”, изјави Флојд синоќа за Ем-ес-ен-би-си

Тој додаде дека од претседателот побарал правда, „му реков дека не можам да верувам дека тие извршија модерно линчување среде бел ден” „и побарал сторителите да бидат осудени за убиство од прв степен“ и да добијат „смртна казна“ за убиството на Џорџ Флојд.

Флојд укажа дека во разговорот со Џо Бајден, побарал демократскиот претседателски кандидат да ја изнесе правдата за неговиот брат

Претседателот Трамп вчера во Белата куќа изрази длабоко жалење за смртта на Џорџ Флојд.

 -Зборував со членови на неговото семејство, одлични луѓе, изјави Трамп, но не одговори на повикот да открие детаљи од разговорот со братот на Флојд. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот