Братот на Џорџ Флојд го осуди насилството, бара мир

Тој нагласи дека неговиот постар брат се залагал за мир.

Теренс Флојд, помладиот брат на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицаец во Минеаполис, повика на смирување на ситуацијата и ги осуди насилните протести што се одржуваат низ САД.

Флојд за Еј-Би-Си њуз изјави дека сака да се поднесе обвинение за убиство од прв степен против полицаецот Дерек Човин, кој со колено го задуши неговиот брат, како и против другите полицајци кои учествуваа во таа акција.

Тој нагласи дека неговиот постар брат се залагал за мир.

Како што истакна, многумина го опишале Џорџ Флојд како „нежен џин”.

– И јас сум огорчен. Понекогаш сум лут. Сакам да полудам, рече Теренс Флојд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот