Братај: Реалниот број на заразени со коронавирус во Албанија е неколкупати повисок

Директорот за албанската Националната ургентна служба, Скендер Братај, тврди дека во Албанија, бројот на заразени со Ковид-19 е неколкупати повисок од официјалниот број.

Тој повикувајќи се на статистиката, според која, секое заразено лице контактирало со најмалку 20 други лица, Братај рече дека реалниот број е неколку илјади, бидејќи многумина се без симптоми и поминуваат без да сватат дека се заразени.

– Имаме податоци дека има 700 или 800 заразени. Реално, заразени има повеќе. Има многу луѓе кои ми пишуваат дека ја имале оваа симптоматологија и прашуваат дали е коронавирус. Јас им велам може да било, но истакнуваат дека не се јавиле на лекар затоа што се плашеле да не добијат потврден одговор.

Но, откако поминале тие симптоми сакаат да знаат дали имале или не Ковид-19. Постои статистика дека секој заразен може да има од 10 до 20 контакти па според тоа значи има неколку илјади, изјави Братај за телевизијата „Ора њуз”.

Тој уште со оценка дека постепеното олабавување на рестирктивните мерки ќе доведе до зголемување на бројот на новозарзаени, но тоа што е значајно е дека процентот на заразени лица ќе биде под контрола.

– Доколку имаме од 30 до 40 пациенти на интензивна терапија ќе може да се справиме, имаме респиратори, но доколку дојдат 20.000 заразени, 400 или 4.000 болни тогаш состојбата не ќе можеме да ја менаџираме, истакна Братај.

Тој посочи дека воведениот карантин на целата територија на земјата условило пандемијата да не добие широки размери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот